More

    Почина Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, скопска легенда познат по прекарот Џиби

    spot_img

    Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, скопска легенда познат по прекарот Џиби, почина вчера на 73 години.

    Од 1980 година има направено сценографии за над 150 претстави во театрите низ Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Шведска, Бугарија, БиХ, сценографии за 10 филмови. Соработувал со 41 режисер, меѓу кои се Владимир Милчин, Димитар Станкоски, Коле Ангеловски, Слободан Унковски, Дритро Касапи, Зоја Бузалковска, Благојче Божиновски, Примож Беблер, Бесфорт Идризи, Рефет Абази, Дино Мустафиќ, Софија Ристевска, Катја Петрова, Куштрим Бектеши, Ујвидеки Синхаз, Срѓан Јаниќијевиќ и Александра Ковачевиќ.

    На 10-годишна возраст бил член на детската радиодрама, во време кога ѕвезди биле Љупка Димитровска, Коле Ангеловски, Владимир Дади Ангеловски, Наум Пановски, Димац Митковски. За време на студиите на Архитектонскиот факултет, Џидров се вклучил како актер во аматерскиот, кој станал култен театар, Театар кај Свети Никита Голтарот, кој во 1970 година го основале Владимир Милчин, Слободан Унковски и Мартин Панчевски. Театарот го добил тоа име бидејќи првата претстава ја подготвиле во манастирот „Свети Никита“ на Скопска Црна Гора и за да станат актрактивни, бидејќи работеле без пари, се нарекле Голтари. Во 1971 година, Милчин и Унковски во Скопје ја направиле претставата „Скици од преданието Каинавелско“ по мотивите на Славко Јаневски.

    Неговата приказна со сценографијата почнува заедно со Симон Узуновски, со кого биле колеги од факултет, кога Милчин во 1982 година ги повикал првпат да работат во професионален театар, и во Театарот на народностите – Албанска драма ја направиле претставата „Бовча“.

    Џидров од 1980 до 2004 на повеќе позиции работел во АД „Алумина“, каде бил главен проектант сѐ до стечајот во 2004.

    Во 2021 ја доби наградата за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img