По долго и тешко боледување, вчера починал поранешниот градоначалник на Скопје, Југослав Тодоровски. Тодоровски беше градоначалник на Скопје во периодот од 1986 до 1991 година. Претходно бил на повеќе државни функции.
Погребот ќе се изврши денес на Градските гробишта – Бутел, а последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата.
Тодоровски почина на 86-годишна возраст.