More

    Бред Пит со новата девојка во ретко заедничко излегување

    spot_img

    Иако се заедно повеќе од една година, Бред Пит и неговата девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон, не сакаат да се експонират во јавноста. Нивните средби секогаш се далеку од очите на јавноста и ова е всушност првата долга врска на Бред по раскинувањето со Анџелина Џоли.

    Бред и Инес деновиве беа видени во Лос Анџелес како ја напуштаат галеријата „Гагосијан“, која ја промовира модерната и современата уметност, а каде за прв пат изложува неговиот пријател, режисерот Бенет Милер, со кој работеше на филмот „Moneyball“. По разгледувањето на изложбата, парот ја напушти галеријата низ гаражата, но овој пат не успеа да побегне незабележано. Всушност, не е јасно зошто актерот и дизајнерката сè уште не одлучиле јавно да се изјаснат како пар кога и неговата бивша сврте нова страница во нејзиниот живот.

    Во секој случај, извори блиски до парот тврдат дека врската помеѓу Бред и Инес е силна и на „стабилни нозе“, но очигледно добро им оди токму вака, далеку од очите на јавноста и во кругот на нивните најинтимни пријатели.

    Тие првпат беа видени во јавноста на концертот на „ЈуТу“ во Лос Анџелес на 15 ноември 2022 година, а потоа беа видени во друштво на Синди Крафорд, Ранди Гербер и Шон Пен. Уште тогаш можеше да се забележи дека од вчера не се заедно, а на почетокот на истата година дизајнерката тивко се разведе од актерот Пол Весли, со кој беше во брак три години. Дали причината била љубовната врска со Бред или подоцна се запознале не е познато, но нема сомнеж дека оттогаш се неразделни. Пред еден месец тие го прославија 60-тиот роденден на Бред во Париз, а често бегаат во Мексико на одмор.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img