Долгогодишниот партнер на холивудската актерка Сандра Булок, Брајан Рандал, почина викендов, откри неговото семејство за „Пипл“. Имаше 57 години.
„Со голема тага објавуваме дека на 5 август, Брајан Рандал мирно почина по тригодишна битка со АЛС (амиотрофична латерална склероза)“, соопшти неговото семејство. „Брајан рано одлучи своето патување со АЛС да остане приватно, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе да го исполниме неговото барање“, додаваат тие.
„Исклучително сме благодарни на неуморните лекари кои со нас управуваа со оваа болест и на прекрасните медицински сестри кои станаа наши цимерки, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашите. Во овој момент, бараме приватност за да тагуваме во мир“, соопштиле тие.
Булок (59) првпат го запозна фотографот Рандал кога го фотографираше роденденот на нејзиниот син Луис во јануари 2015 година. Тие ја објавија својата врска истата година, појавувајќи се заедно на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.
„Ја пронајдов љубовта на мојот живот. Не ми треба хартија за да бидам посветена партнерка и мајка“, рекла еднаш Сандра во едно интервју за нивната врска.
ФОТО: Инстаграм