More

    Почина четирикратниот премиер на Италија, контроверзниот бизнисмен Силвио Берлускони

    spot_img

    Четирикратниот премиер на Италија, контроверзниот бизнисмен Силвио Берлускони почина од леукемија по подолго боледување во 86-тата година од животот, а откако добил инфекција на белите дробови, пренесе Ројтерс. Неговото заминување може да ја протресе политиката во Италија, иако тој немаше јасна функција во новата влада на Џорџа Мелони.

    Неговите врски со Владимир Путин кој лани му подари 20 шишиња вотка за малку го засенија ставот на Италија во врска со војната во Украина. Берлускони изјави дека војната никогаш немала да се случи доколку Зеленски запрел да ги напаѓа двете сепаратистички републики во Донбас. Исто така тој рече дека Путин бил принуден да ја нападне Украина.

    Изјавата дека никогаш не би го посетил Зеленски мораше да биде „испеглана“ од новата премиерка Џорџ Мелони.

    Двапати разведениот медиумски магнат, кој доминира во италијанската политика повеќе од 20 години и покрај низата сексуални скандали, серијата гафови и најразлични правни проблеми, беше осуден во 2013 година на седум години затвор за познатата афера „Бунга бунга“. Тогаш беше осуден за плаќање секс на малолетната 17-годишна Руби Рубакуора, иако пресудата подоцна беше поништена.

    Во 2020 година тој се остави со манекенката Франческа Паскале по 12-годишна врска. Таа тогаш имаше 34 годин. Уште во 2014 година, италијанските медиуми се забавуваа со информациите дека Паскале купила венчаница за да го прослави разводот на Берлускони од втората сопруга Вероника Ларио по 19 години брак. Ларио и Берлускони имаат три деца.

    Италијанските таблоиди претходно пренеле дека манекенката Паскале имала обичај да спие кај Берлускони, за веднаш да му биде достапна на работните состаноци.

    Паскале живее во луксузна вила која и ја купил токму Берлускони.

    Таа во интервју откри дека бара секој ден Берлускони да ја запроси, била „шокирана“ од објавата на Форца Италија, пренесува „Ла Република“.

    – Ќе го задржам во моето срце засекогаш. Му посакувам среќа и се надевам дека ќе најде некој да го следи начинот на кој се грижев за него – изјавила Паскале.

    Берлускони лани се врати во политиката и освои пратенички места со неговата политичка партија Форца Италија. Се остави со Франческа, за да се ожени со младата и згодна и 53 години помлада Марта Фашина од неговата партија. Фашина има 32 години.

    Пред девет години Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.

    Лани тој беше избран во Монца, каде и поседува локален фудбалски клуб. На ТикТок Берлускони имаше 600.000 следбеници.

    Берлускони имаше афера и со Никол Минети, која беше прогласена за најзгодната политичарка во италијанската Влада. Таа е поранешна забна хигиеничарка која влегла во светот на политиката токму поради Берлускони.

    Таа била во центарот на вниманието во текот на аферата околу неговите бунга-бунга забави, а како што пишуваат италијанските медиуми, токму Никол помагала во носењето малолетни проститутки на забавите на Берлускони.

    Била осудена и на 3 години условна казна поради финансиски малверзации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img