Актерот Мајкл Лернер почина во сабота на 8 април.
Имено, Мајкл е роден на 22 јуни 1941 година во Њујорк, а има испробано секаков вид на глума.
Тажната вест ја објави неговиот братучед Сем Лернер на Инстаграм.
„Синоќа изгубивме легенда. Тешко е да се каже со зборови колку голем беше мојот вујко Мајкл и колкаво влијание имаше врз мене. Неговите приказни секогаш ме инспирираа и ме натераа да се вљубам во актерството“, напиша меѓу другото Сем.
Мајкл многумина ќе го паметат по улогите во филмовите „Бартон Финк“, „Гозила“, „Икс-мен“, „Предвидување 4: Будење“ и многу други.