Британскиот актер Дејвид МекКалум, најпознат по улогата во серијата The Man From U.N.C.L.E., а неодамна и во детективската серија NCIS, почина на 91-годишна возраст.
Британскиот актер Дејвид МекКалум почина во понеделникот на 91-годишна возраст.
Тој беше најпознат по улогата на таен агент во серијата The Man From U.N.C.L.E. од 1960-тите. Починал од природна смрт во својот дом, пишува Би-Би-Си.
Неодамна, тој глумеше како патолог во популарната детективска серија NCIS, која се емитуваше на американската телевизија на CBS.
„Тој живееше неверојатен живот, а неговото наследство засекогаш ќе биде зачувано во филмовите и сериите и никогаш нема да исчезне“, напишаа во неговото збогување на американската телевизија.
МекКалум има добиено улоги во филмови како „Големото бегство“, „Најголемата приказна некогаш раскажана“ и „Ноќ за паметење“.
Тој исто така гостуваше во телевизиските серии Пери Мејсон и Надворешните граници.