Почина 27-годишниот босански фудбалер Асмир Ќехајиќ откако за време на лов бил застрелан во вратот од друг ловџија.
Како што објавуваат медиумите, Ќехајиќ бил итно пренесен во Здравствениот дом во Градачац, Босна и Херцеговина, меѓутоа лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.
Трагедијата во која загина младиот фудбалер се случила во месноста Мионика III, а полицијата е на терен и врши увид.
Од Асмир се прости и удбалскиот клуб Трешњевка за којшто настапуваше.