More

    Почесниот конзул на Малта во Скопје, Кочо Анѓушев, престојуваше во официјална посета на Малта

    spot_img

    Почесниот конзул на Малта во Скопје, проф. д-р Кочо Анѓушев, престојуваше во официјална посета на Малта, чија цел беше да се воспостават контакти за поврзување на македонските и малтешките фирми и да се отвори нов пазар за македонското стопанство, соопшти компанијата „Фероинвест“.

    Анѓушев беше примен од министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, кој се заблагодари за конзуларниот ангажман што г-дин Анѓушев го извршува во име на Малта во Македонија.

    „На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во двете земји, како и за влијанието на глобалната геополитика врз економските состојби во Европа. Министерот Борг ја поздрави заложбата на почесниот конзул Анѓушев да се засили економската соработка и да се воспостави мост меѓу стопанствата, којшто ќе биде во интерес на двете страни. Анѓушев во главниот град Валета се сретна со повеќе стопански субјекти од различни дејности, кои во иднина би можеле да соработуваат со фирми од нашата земја, а имаше разговори и со Агенцијата за странски инвестиции на Малта. Во следниот период, почесниот конзулат во Скопје, во соработка со Стопанската комора, ќе организира делегација од македонски стопанственици да ја посети Малта, а следен чекор потоа ќе биде посета на фирми од Малта на нашата земја“, наведено е во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img