Коалицијата ВЛЕН излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција ВРЕДИ. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави Биљал Касами од БЕСА.
Ова, според Касами, е резултат на доаѓањето на нашите иселеници.
– Коалицијата ВРЕДИ е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВРЕДИ им кажуваме благодарам – изјави Касами.
Касами рече дека според анализите ВРЕДИ најверојатно ќе излезат со подеднаков број пратеници споредено со коалицијата ДУИ.
– Разликата во гласови нема да помине 10 илјади – нагласи Касами.