More

    По Златните глобуси и критичарите ги наградија „Опенхајмер“ и „Барби“

    spot_img

    „Опенхајмер“, „The Holdovers“, „Барби“, „Наследници“, „Beef“ и „The Bear“ се апсолутни победници на 29. „Critics Choice Awards“ (награди на критичарите), кои се одржаа синоќа во Санта Моника.

    Челзи Хендлер, која беше водителка на програмата втора година по ред, оддаде почит на „големата година на жените“:

    – Жените победија на сите места. Барби на благајните, Тејлор Свифт и Бијонсе со нивните турнеи, Гвинет Палтроу на скијањето. Жените се појавуваат и доминираат во нашата култура. Речиси може да се каже дека тоа беше година на жените. … Жените би можеле да го кажат тоа!

    „Опенхајмер“ ги освои наградите за најдобар филм, како и за најдобар ансамбл, најдобра споредна машка улога (Роберт Дауни помладиот) и најдобра режија (Кристофер Нолан). Емили Блант ја прими наградата на ансамблот во име на своите колеги, а го издвои настапот на Килијан Марфи како Роберт Опенхајмер, пишува „Холивуд репортер“.

    „Барби“ однесе неколку награди, особено за најдобра комедија, која беше објавена за време на паузата за реклами и не им дозволи на филмските креатори да излезат на сцената. Подоцна на церемонијата, Хендлер ја поправи грешката и ги поздрави на сцената ѕвездата и продуцент Марго Роби и писателката и режисерката Грета Гервиг. Филмот доби и награда за најдобра песна за „„I’m Just Ken“. Наградата ја примија текстописците Марк Ронсон и Ендру Вајат, како и Рајан Гослинг кој ја изведе песната.

    Наградата за најдобрата женска улога ја доби Ема Стоун за „Кутри суштества“ (Poor Things), а најдобра машка му припадна на Пол Џиамати за „The Holdovers“. Наградата за најдобар странски филм отиде кај „Анатомија на падот“ (Anatomy of a Fall).

    Харисон Форд ја доби наградата за достигнување во кариера во изборот на критичарите, односно „Critics Choice Awards“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img