Един Туле преку Фејсбук упати ужасни закани во кои изјави дека ќе ја убие сопругата Аида и ќе ја држи врзана. Овие преписки ја вознемирија јавноста, која веднаш реагираше и контактираше со полициските агенции. Како што изјави за N1 Мелдина Угарак, директорка на ЈУ Центарот за деца и возрасни со посебни потреби во Високо, Аида Туле и нејзините деца се безбедни.
Иако некои се сомневаа дека зад овие пораки не стои Един Туле, се утврди дека тој навистина и се заканувал на својата сопруга. Угарак апелираше до безбедносните и полициските агенции во сите инстанци да го лоцираат и приведат.
Постои сомнеж дека Един Туле веќе ја напуштил БиХ.
Во случајот биле вклучени и други надлежни служби.