По триумфот на Ролан Гарос што му ја донесе рекордната 23. Грен слем титула во кариерата, Новак Ѓоковиќ својот рекет му го подари на еден од навивачите.
Иако е тешко да се поверува дека овој навивач ќе се реши да го продаде вредниот сувенир, сепак се покрена прашањето – колку вреди рекетот со кој Ѓоковиќ стана најдобар тенисер во историјата. Стигна и одговоро со „луда цена“.
Рекетот што Новак Ѓоковиќ му го подари на навивачот по освојувањето на Ролан Гарос, според експертите за аукцијата на колекционерски предмети, моментално вреди 50.000 долари!
УС Опен јавно го праша Дарен Ровел, стручњак за аукција, колку може да добие навивачот за тој рекет, а тој одговори:
– Ако продаде во следните неколку недели, може да добие 50.000 долари – јасен беше Ровен.
Инаку, овој навивач е присутен речиси на сите големи турнири на кои игра Ѓоковиќ и го следи од првите редови, па не е ни чудо што српскиот тенисер му го подари вредниот рекет по мечот.
За потсетување, Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос беше подобар од Каспер Руд во три сета, го освои својот 23. Грен слем, а воедно се врати на првото место на АТП листата.