По третиот концерт на популарната српска пејачка Александра Пријовиќ во Осиек, на социјалните мрежи почна полемика за можната бременост на пејачката.
„Александра е 100% бремена“, „Се гледа нејзиниот стомак“, „Изгледа дека е бремена“ – коментираа фановите на Александра Пријовиќ по нејзиниот трет концерт во Осиек.
Пејачката на сцената излезе во тесен црн фустан, а публиката го забележа нејзиниот стомак што веднаш покрена шпекулации дека Пријовиќ можеби чека второ дете.
На нејзиниот трет концерт во Осиек, гостинка на Александра Пријовиќ и беше нејзината мајка Борка Михајловиќ, која запеа заедно со неа.
По концертот мајката на Александра, пред медиумите ја разреши дилемата дали пејачката е бремена.
– Не, не… Боже, би сакал. Едвај чекам, но уште ништо од тоа – потврди Борка Михајловиќ за 24сата.
Во меѓувреме Александра Пријовиќ продолжува да урива рекорди низ регионот, по Осиек српската пејачка најави трет концерт во Риека и втор во Вараждин.
Александра Пријовиќ е во брак со Филип Живојиновиќ и го имаат синот Александар.