More

    По раскинувањето на 12-годишната врска со Жерар Пике, Шакира објави песна со диџејот Бизарап наречена „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“

    spot_img

    По раскинувањето на 12-годишната врска со Жерар Пике, Шакира објави песна со диџејот Бизарап наречена „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, којшто брзо стана голем хит. Текстот на песната се однесува на Пике, а таа неодамна ја изведе во живо во шоуто на Џими Фелон.

    За три дена снимката од настапот на Шакира во шоуто има повеќе од девет милиони прегледи. Многумина го коментираат нејзиниот настап на Твитер, а посебно внимание привлече публиката која пееше во дует со Шакира.

    „Никогаш не сум ја видел публиката во шоуто толку активна“, „Публиката е како хор. Шакира, што направи?“, „Сите во публиката и помогнаа на Шакира дополнително да го уништи животот на Пике“, „Никогаш не сум видел вакво нешто“, се само дел од твитовите.

     

    Настапот на Шакира го забележа и пејачката Адел. Додека шетала низ публиката во Колосеумот во Палатата Цезар во Лас Вегас, 34-годишната Адел побарала од обожавателка да го именува нивниот омилен музичар (освен неа) во видео споделено на Твитер.

    Една посетителка на концертот рекла дека ѝ се допаѓа Шакира, на што Адел одговорила: „Ох, ја видов на Џими Фалон. Нејзиниот поранешен е во неволја“.

     

    Инаку, Пике ја изневери Шакира со младата студентка Клара Чиа Марти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img