More

    По обвинувањата дека и помагаат на Русија, Иран се огласи

    spot_img

    И покрај соработката со Русија за одбранбените капацитети, Иран го почитува територијалниот интегритет на Украина, изјави во петокот иранскиот министер за надворешни работи во телефонски разговор со водечкиот дипломат на Европската унија.

    Тој негираше дека Техеран и доставил на Москва беспилотните летала користени во смртоносните напади на Киев оваа недела, јавува Си-Ен-Ен.

    „Политиката на Техеран во однос на украинската војна е да го почитува територијалниот интегритет на таа земја“, му рече Хосеин Амирабдолахиан на Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.

    „Иран не испраќа оружје до завојуваните страни во Украина и сака крај на војната и раселување на луѓето“, додаде Амирабдолахиан, според објавата на Твитер на иранското Министерство за надворешни работи.

    Шефот на иранската дипломатија посочи дека Исламската република се обидува да ги запре непријателствата во Украина преку дипломатија и ги советува Европејците да гледаат на ова прашање од реална перспектива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img