Додека за грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е провокација фактот што македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова не кажа „северна“ додека ја даваше својата заклетва, бугарскиот претседател Румен Радев смета го оцени нејзиниот говор како „демонстрација“.
Радев денеска упати остро предупредување до политичарите во Македонија во кое наведе дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и со другите меѓународни договори што Македонија ги има потпишано.
„Преговарачката рамка, за информирање на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира“, се наведува во соопштението на претседателството, пренесе Њуз.бг.
„Веќе во првата реченица од ставот на бугарскиот претседател се напишани сите карактеристики на нашиот западен сосед – Република С. Македонија (РСМ), јасно наспроти демонстрациите што вчера ги направи Гордана Силјановска, која положи заклетва како нов претседател на земја, но без изговарање на меѓународно признатото име државата“, се вели во дел од соопштението и се додава:
„Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора да се исполнат“, подвлекува шефот на државата Румен Радев и експлицитно потсетува дека Република С. Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности“.