More

    Првата дама на Украина во посета на Белград

    spot_img

    Првата дама на Украина, Олена Зеленска, вчера пристигна во Белград, во прва посета на висок украински функционер на Србија од почетокот на руската инвазија во 2022 година, што може да се протолкува и како сигнал за оддалечување на Србија од Москва како нејзин традиционален сојузник.

    Заедно со сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ и украинскиот министер за надворешни работи Дмитр Кулеба, кој исто така е во прва посета на Белград, Зеленска го обиколи градот и средновековната тврдина Калемегдан, пренесува агенцијата Танјуг.
    Зеленска и Вучиќ ја посетија и градската библиотека во Белград, во која се наоѓа „Украинската полица“, дел од библиотеката со украински книги која е основана под патронат на првата дама на Украина.

    Веста за посетата на сопругата на Володимир Зеленски на Србија ја пренесоа речиси сите поголеми руски медиуми. На порталот на руската државна новинска агенција Риа Новости оваа вест е четврти најчитан текст. Судејќи според коментарите, Русите не се воодушевени.

    „Срамно“ и „Ова е одвратно, ова е одвратно однесување на „пријател“ на Русија“, се двата најпопуларни коментари.

    Во реакциите на текстот читателите пишуваат дека Србија ја предала Русија, а го напаѓаат и српскиот претседател Александар Вучиќ.

    „Дали некој се плаши од нас освен Лукашенко? Дури и Киргистан се сврте. Нашата надворешна политика е донекаде слаба“

    „Кои се „пријателите“ што сè уште ги имаме? Папуанците од Полинезија? Или Северна Кореја?“ – коментираат Русите.

     

    Поради традиционалните историски, верски, политички и воени врски, проруските чувства се широко распространети во Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ се обидува да постигне рамнотежа меѓу кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и врските со Русија и Кина, важни партнери и инвеститори.

    Во новата српска влада влегуваат Александар Вулин, прорускиот вицепремиер и поранешен разузнавач, кој е под санкции на САД и Ненад Поповиќ, министер без ресор, исто така поддржувач на Русија под американските санкции.

    Србија постојано ја осудуваше руската инвазија на Украина во Обединетите нации и други меѓународни форуми, но досега одбиваше да се приклучи на меѓународните санкции против Кремљ.

    Вучиќ се состана со украинскиот лидер Володимир Зеленски три пати во 2022 година на меѓународни форуми во странство, последен пат на регионален состанок во Тирана во февруари.

    Од 2022 година, Србија прифати илјадници украински бегалци, испрати хуманитарна помош во Украина и вети помош за деминирање на земјата и повоена реконструкција.

    Минатата година, доверливите документи кои протекоа од Пентагон покажаа дека Србија се согласила да го снабдува Киев со оружје и муниција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img