По Јотова и Румен Радев зеде збор на меѓународниот форум

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со зборовите „Бугарите да бидат чувари на кирилицата“, бугарскиот претседател Румен Радев ги повика луѓето на неговата земја да се грижат за „историските факти за кирилицата“. Тој имаше видеообраќање на денешниот „Меѓународен форум за кирилицата“ каде пристуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и првиот човек на бугарскта црква, Неофит. Претходно Јотова изјави дека „писменоста била создадена од Бугарите“.

– Денес кирилицата не е само сопственост на бугарскиот народ. Напуштајќи ги нашите земји, буквите осветлуваат многу поширок духовен простор и обединуваат стотици милиони луѓе. Кирилицата гради мостови и поврзува светови.

– Не можеме да зборуваме за кирилица без да се земе предвид придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, кон бугарските владетели и свештеници, кои како своја мисија прифатија да бидат покровители на нашата азбука – рече Румен Радев.

Епископот Поликарп, презентирајќи ја честитката од патријархот Неофит рече:

– Идентитетот е еден од проблемите во денешното модерно време. Обидите за негово разводнување во духовен и културен поглед водат до болни процеси кои предизвикуваат длабоки рани во општеството.

Share This Article