Спасувачките тимови извлекоа две момчиња, браќата Харун и Ејуфан Шерифоглу, од урнатините на зградата, неверојатни 181 час по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција.
Успешна спасувачка акција беше спроведена осмиот ден по земјотресот во центарот на Антакија во Хатај, каде што спасувачите најпрвин ги лоцираа осумгодишниот Харун и 15-годишниот Еџуфан, а потоа ги извлекоа од под урнатините на објектот.
Спасувачите ги предале момчињата на екипа на Брза помош која им пружила прва помош, а потоа ги однела во болница.
Вујкото на спасените момчиња, Рамазан Шерифоглу, за новинарот на Анадолија изјави дека нивната мајка починала и е погребана денеска, а нивниот татко се уште е погребан.
„Заборавивме на се кога ја слушнавме веста дека се живи и кога ги видовме. Ова е голема радост за нас, празник, го славиме животот“, рече Шерифоглу.
Денеска во разурнатиот од земјотресот Хатај е спасено 12-годишно момче по име Кан.Припадниците на противпожарната служба Кочели под урнатините пронашле 12-годишно момче. Момчето веднаш по извлекувањето добило лекарска помош.
Спасувачките екипи не престануваат да бараат преживеани по разорниот земјотрес што пред седум дена погоди десет градови на југот на Турција.
Минатиот понеделник два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во Караманмарас, а бројни спасувачки екипи се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.