Црна Гора има своја Копакабана, најдолга плажа на Јадранот, а таму, близу Улцињ, „игла нема кај да фрлиш“. На цели 13 километри луѓето се борат да постават пешкири на песокот за кој се вели дека бил богат со минерали. Речиси 150.000 капачи ја посетуваат Голема плажа. Самиот Улцињ има 10.000 жители, а речиси дупло повеќе гости!
Треба ли да се чудиме што плажата Њујорк Тајмс ја вклучи во најпопуларните туристички дестинации во 2010 година? Патем, тука се наредени уште дваесет плажи, така што има многу избор.
Во Улцињ близу 14 илјади туристи летуваат во приватно сместување, 5,6 илјади во хотели, 400 во кампови и 274 во одморалишта, соопшти локалната туристичка организација(ТО). Но, ако сакате луксуз, една информација вели дека цените за лежалки во Црна Гора можат да достигнат и 180 евра на ден, зависно во кој ред се наоѓа лежалката!
За љубителите пак на летување покрај езеро, има добри вести.
На социјалните мрежи се појави видео објавено од туристи , кое пријатно изненади многумина. Како што наведуваат, снимките се направени на езеро во Босна и Херцеговина, а тоа езеро го нарекуваат и „босанско Бали“. Сликите покажуваат недопрена природа и куќи покрај тиркизното Јабланичко Езеро.
Езерото е длабоко 70 метри, долго 30 километри, а широко до 3,1 километри. Се наоѓа на надморска височина од 202 метри покрај автопатот М-17. Нивото на водата варира до 25 метри. Според Мондо, цените на услугите се пристапни.
Најпознатата плажа се вика Папрацко.