Планинарската група „Олимпус Монс” по 12 пат на 1. јануари ја организира турата со симболично име „Први на први”, кога вљубениците во планината ќе имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.
Зборното место на планинарите е Инфоцентар на НП Пелистер на 1.350 метри надморска височина, а потоа патеката на движење продолжува преку Цапарска Пресека, Широка, до крајната цел, врвот Пелистер на 2.601 метар надморска височина.
Оваа патека е долга14 километри, а висинската разлика е 1.251 метар, со просечна стрмнина од 8.93 проценти.
Поаѓањето е во 00:01 часот на 1 јануари .2023 година, а очекувано време за пристигање на врвот Пелистер е 05:00 часот.
На првиот ден од 2022 година на исто таква тура во организација на „Олимпус Монс” на Пелистер се искачија 34 планинари од цела Македонија, а сега се очекува уште поголем интерес, велат организаторите.
(Фотографиите се од минатогодишната тура „Први на први“)