Пилотот морал принудно да слета во Сараево

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава Klix.ba, пренесува Нова. Порталот Јутарни Лист од друга страна, пишува дека истрагата не нашла траги од барутни честици на телото,  што значи дека можеби на авионот не било пукано. Истрагата е во тек, а се очекуваат изјави од хрватските власти.

Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.

„Сигурноста на патниците и екипажот во ниту еден момент не биле загрозени“, велат од „Кроација Ерлајнс“ за Јутарни.

„По добиената информација дека редовната контрола на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, покажала оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истрага од тимот, во присуство на претставници на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“, беше соопштено.

Обвинителството соопшти дека при летот не била загрозена безбедноста на патниците, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување, како и безбедноста на авионот за понатамошна воздушна пловидба.

Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до овој инцидент, пренесува Klix.ba.

Share This Article