More

    Peugeot ја дизајнира иднината во насока кон целосно уживање при возењето

    spot_img

    PEUGEOT, главен играч во полето на технолошките иновации, го „електрифицира“ VivaTech со својот смел концепт-автомобил INCEPTION, воведувајќи нова ера на електрична мобилност. На својот штанд, PEUGEOT ќе ја претстави и својата визија за иднината олицетворена преку револуционерниот Hypersquare управувач, кој ќе го редефинира возачкото искуство за во иднината и истиот претставува репрезент на најсовремените иновации денес.

    ALLURE: за прв пат пред француската јавност, ќе биде претставен INCEPTION концепт-автомобилот.

    EMOTION: Hypersquare управувачот радикално го трансформира искуството и задоволството при возење.

    EXCELLENCE: PEUGEOT е лидер во технолошките иновации во Европа.  

    Надоврзувајќи се на повеќе од 200 години искуство во иновациите, PEUGEOT има за цел повторно да ја оживее одржливата мобилност на иднината, ставајќи ги задоволството при управување со автомобил и емоциите, на прво место кај корисничкото искуство.

    На VivaTech 2024, претставници од врвното раководство на брендот PEUGEOT ќе ја презентираат стратегијата за иновации. Средби ќе се одржат четири пати и тоа секој ден на штандот на PEUGEOT, во 10:30, 12:00, 14:30 и 16:00 часот. 

    Иновацијата на PEUGEOT се однесува на технолошката креативност поврзана со реалноста, задоволување на реалните потреби на клиентите и зголемување на задоволството при возењето. На VivaTech 2024, PEUGEOT ја претставува својата визија за автомобилот на иднината со концепт-автомобилот INCEPTION и неговиот револуционерен управувач Hypersquare.

    КОНЦЕПТ-АВТОМОБИЛ PEUGEOT INCEPTION: ЕЛЕКТРИЧНА МОБИЛНОСТ НА ИДНИНАТА

    Концепт-автомобилот PEUGEOT INCEPTION е одраз на оптимистичката визија на PEUGEOT за одржлива мобилност во иднината. Претставен беше на CES во Лас Вегас, а сега на VivaTech 2024 ќе биде за прв пат презентиран ѝ пред француската јавност.

    PEUGEOT INCEPTION CONCEPT отвора нова ера и ги најавува идните електрични возила на брендот. Создаден со нов дизајнерски јазик, ова возило доминира со лавовски и привлечен став, револуционерен внатрешен дизајн и ветувања за невидени возачки сензации.

    PEUGEOT INCEPTION CONCEPT ги реинтерпретира гените на брендот. Тој е поедноставен и поелегантен, со завршна обработка и текстури се достојни за дигиталниот свет. Овој нов дизајн осцилира помеѓу сензуални линии и спортски облини, погеометриски и остри површини.

    100% електричниот PEUGEOT INCEPTION CONCEPT е опремен со технологија од 800V. Неговата батерија од 100 kWh му овозможува да помине 800 km само со едно полнење.

    Внатрешноста на INCEPTION CONCEPT прикажува низа нови техники кои PEUGEOT ќе ги примени за да ја исполни посветеноста на STELLANTIS да го намали својот јаглероден отпечаток за повеќе од 50% до 2030 година во споредба со 2021, а до 2038 година ќе постане бренд со гама на возила без емисии:

    – Ре-произведен текстил: во дизајнерскиот центар за прототипи, исечоци од 100% полиестерска ткаенина поминуваат преку процес на термо-компресија под вакум, со вбризгување на врзивно средство во форма на смола.

    – Спој на кадифе и 3D печатење: тапацирот на седиштата и подот е создаден од специјално и 100% рециклирано полиестерско кадифе, испечатено со 3D шари.

    – Подлога Air Quilting®: удобноста на седиштата е зголемена со присуството на специјални подлоги кои прецизно можат да се прилагодат на нивото на рамената.Овој електро-тапацир создаден од едно парче на материјал е лесен за рециклирање.

    КУЛТНИОТ PEUGEOT i-COCKPIT® ВО СВОЈА УШТЕ ПОНАПРЕДНА ВЕРЗИЈА, ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ ПРЕКУ HYPERSQUARE

    Во изминатите 12 години, преку 12 милиони возила се опремени со PEUGEOT i-Cockpit®. Тој е симбол на иновациите на PEUGEOT и сакан од клинетите, бидејќи им овозможува уживање при возењето. Сето ова е потврдено, преку спектакуларната најнова генерација на панорамскиот i-Cockpit® претставена кај новите PEUGEOT E-3008 и Е-5008.

    PEUGEOT INCEPTION Concept ја најавува најновата генерација на i-Cockpit®, со целосно осмислена архитектура која ќе ги замени традиционалниот управувач и палките со Hypersquare управувачот, кој е инспириран од дигиталниот и од светот на видео игрите.

    Hypersquare ќе допринесе, говорот на телото при управување да биде поедноставен и поинтуитивен. Со едноставно кликнување или допир со врвовите на прстите, без да се отстрануваат рацете од управувачот, возачот ќе може да управува со сите параметри од возилото. Hypersquare е оживеан благодарение на технологијата „steer-by-wire“ што го прави возењето поинстинктивно и поедноставно.

    Контролата при управување со Hypersquare е надополнета со флексибилен дисплеј, кој прикажува податоци за возењето или информации од инфозабавниот свиен систем за 360 степени. Овој HALO CLUSTER, преку својот кружен екран, обезбедува информации за возачот и патниците додека се приближуваат до автомобилот. Оваа надворешна комуникација го зајакнува концептот на споделување податоци и создава нова визија за автомобилот.

    Hypersquare со дигитални електрични контроли се состои од екран со кружни ќелии на секој од неговите четири агли, кои имаат повеќе функции:

    – Целосно природен и универзален стисок на управувачот.

    – Удобност при возење со врвовите на прстите.

    – Активирање на контролите на возилото со едноставни импулси на палецот.

    Возачот ќе открие гестикулации слични на тие кај паметните телефони. Овој интуитивен аспект води до повисоко ниво на безбедност.

    Центарот на Hypersquare управувачот се состои од екран како таблет, посветен на прикажување податоци за контролите. Различните функционалности како на пример: клима, јачина на звук на радио, системи за помош при возење и тн., се прикажани на двата странични дела, со цел да се олесни пристапот до командата која се избира. Командите вгнездени внатре во кружните ќелии се достапни преку едноставно движење само на палецот и без ослободување на управувачот. За уште поголема удобност при возењето, обложувањето на Hypersquare управувачот е направено со 3D печатење, додека пак дигиталниот стаклен екран дава високотехнолошки и луксузен изглед.

    PEUGEOT Hypersquare управувачот и најновата генерација на i-Cockpit®, кои ќе предизвикаат револуција кај емоциите и зголемено задоволство при возењето, ќе бидат имплементирани ѝ во претстојните возила на брендот PEUGEOT до 2026 година.

    ПОДАТОЦИ И ПОВРЗАНИ УСЛУГИ СО MOBILISIGHTS

    На својот штанд на VivaTech 2024, PEUGEOT ќе им посака добредојде на Mobilisights. Овој оддел на групацијата Stellantis, специјализиран за дата-податоци (DaaS), обезбедува пристап до податоците од далечина, од поврзаните возила на PEUGEOT и други брендови на групацијата.

    Податоците колектирани од Mobilisights овозможуваат персонализирање на искуството на возачот преку иновативни услуги и апликации од партнерски еко-систем од трето лице, со цел да се подобри секојдневниот живот на возачите, секогаш и само со нивна согласност.

    На пример, податоците на Mobilisights може да се користат за развивање интуитивни апликации за сопствениците на електрични возила кои го поедноставуваат полнењето, овозможуваат прецизно следење на трошоците на возилото, а истовремено го подобруваат корисничкото искуство.

    „ДАЛЕЧИНСКО ВОЗЕЊЕ“ СО VAY

    PEUGEOT исто така, ќе го претстави својот партнер “scale-up Vay“ на штандот на VivaTech 2024, со кој PEUGEOT ги истражува потенцијалните апликации за „далечинско возење“.

    „Далечинското возење“ се однесува на управување од далечина и функционирањето на возилото. Оваа технологија овозможува ефикасно управување со повеќе возила со само еден возач лоциран во далечина, користејќи мобилно поврзување и сензори како камери интегрирани во возилата.

    На VivaTech 2024, PEUGEOT ќе го претстави и „telestation“ на својот штанд, кој ќе им  овозможи на висококвалификуваните и сертифицирани „телевозачи“ на “scale-up Vay“ да возат на далечина управувајќи со: управувачот, сопирањето и забрзувањето на возилото. Телестаницата обезбедува преглед во реално време на околината околу возилото, обезбедувајќи целосно извонредна и одговорна контрола.

    Оваа технологија овозможува зголемена ефикасност на операциите за испорака, на услугите „кликнете копче, добијте автомобил“, за споделување автомобили и изнајмување автомобили и им овозможува на сопствениците на приватни автомобили од далечина да го преместат своето возило во време и на локација која е потребна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img