More

    Пецаков: Одредени улици се блокирани, поплавени се домови, има штети од силното невреме што го зафати Охрид

    spot_img

    Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, објави дека одредени улици се блокирани, поплавени се домови, има штети од силното невреме што го зафати градот.

    Тој го свикал и кризниот штаб на Општина Охрид поради невремето.

    – Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќајот на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која сѐ уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи, а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое траеше повеќе од половина час беше проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев – вели Пецаков.

    Сите пумпи за исцрпување на вода со кои располага општината се ставени на располагање на Територијалната противпожарна единица Охрид, каде во најголем дел се пријавуваат поплавите.

    – Вршиме напори со соседните општини за набавка на дополнителен број пумпи, иако колекторот е ставен стопроцентно во функција и во најголем дел од критичните места ќе се исцеди надојдената вода. Проблем има на пресекот помеѓу АСНОМ и булеварот Туристичка, со струјата која ги знабдува пумпите од колекторот, но се решава. Проблем има и во планинските села каде има наноси од земја. Се надеваме дека до вечер ќе успееме да го нормализираме сообраќајот насекаде. Екипите на општинските Јавни претпријатија остануваат во полна готовност доколку произлезе потреба за брза реакција – додава Пецаков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img