Петровска ќе побара да се изгради спомен обележје кај Карпалак

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за одбрана денеска ќе испрати барање до општина Желино за подигнување спомен обележје за загинатите бранители кај Карпалак, соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на 22-годишнината од загинувањето на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

– Овие луѓе го дадоа најскапоценото, својот живот, за нашата татковина и како министерка за одбрана сметам дека заслужуваат достојно спомен обележје со кое нема да ги вратиме назад, но ќе имаме место каде достојно ќе оддаваме почит. Денеска во текот на денот, во општина Желино, која е надлежна општина, како што направив и за Вејце, ќе испратам барање да биде дозволено тука да се изгради достоен споменик, а се разбира Министерството е подготвено тоа да го реализира – рече министерката.

Кај Карпалак загинаа бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Share This Article