Петнаесетгодишно момче е уапсено за нападот во кој загинаа три лица, а осум се тешко повредени, . Нападот се случи во германскиот град Солинген, вчера околу 21:45 часот.
„Германската полиција соопшти дека во врска со овој случај уапсила 15-годишник“, пренесе Би-би-си.
Началниците на полицијата изјавиле дека не можат ништо друго да соопштат во однос на истрагата додека таа е во тек. И покрај инсистирањето на новинарите, полицијата одбила да даде подетални информации за 15-годишниот осомничен и нагласила дека нема да ги објавува неговите фотографии.
Нападот се случи за време на прославата на 650-годишнината од основањето на градот.
Полицијата навела дека се уште е нејасен мотивот, но дека не може да се исклучи дека бил „терористички“.
Градоначалникот Тим Курцбах вели дека оние кои присуствувале на настанот се во состојба на „шок, ужас и голема тага“.
Убиецот избодел неколку посетители на фестивалот и првично успеал да побегне.
– Тој бодеше луѓе по случаен избор пред бината – изјави инспекторот Саша Креста од полицијата во Вупертал.