Петмина биле ранети, двајца од нив се во критична состојба како резултат на пукање вчера наутро во шопинг центар во Ленсинг, сојузна држава Мичиген.
Според претставници на полицијата, петмината настрадани, кои биле однесени во болница, се млади луѓе на возраст од 16 до 26 години.
Ова е втора масовна стрелба во овој град после онаа во февруари, кога за време на престрелка во државниот универзитет Мичиген во Ист Лансинг беа убиени тројца студенти, а петмина беа ранети. Студентите со часови се засолнуваа во универзитетскиот кампус, лоциран 145 километри северозападно од Детроит, додека стотина полицајци го бараа напаѓачот. Осомничениот Ентони Макреи (43) се самоуби за време на судир со полицијата покрај својот дом во Лансинг.