More

    Петков порача: Нема да нѐ спречите!

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на својот профил на Фејсбук објави дека никој нема да ги спречи него ни македонскиот премиер Димитар Ковачевски да напредуваат во односите меѓу Софија и Скопје.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Република Бугарија и Република Северна Македонија треба активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да има заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема говор на омраза, да се градат автопати и да имаме модерни железнички линии.

    За многумина, според бугарскиот премиер Кирил Петков, овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.

    – Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам „нема да нѐ спречите!“ – објави Петков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img