Веруваме дека некои од најдобрите намирници за вашето здравје веројатно се веќе во вашиот фрижидер.
Чиа семиња и лен
Студиите врз животни сугерираат дека исхраната богата со семе од чиа може да го намали штетниот ЛДЛ холестерол и може да го заштити срцето, а една неодамнешна студија во списанието Хипертензија покажа дека секојдневното консумирање на производи збогатени со ленено семе го намалува крвниот притисок кај пациенти со заболување на периферните артерии. Најдобро се апсорбира кога ленот се меле и се додава во житариците, пренесува b92.
Доколку не сте љубител на чиа семето, слободно вклучете ги оревите или лешниците во вашата исхрана. Овие намирници се и одличен извор на омега 3 киселини.
Јајца
Јајцата се најдобриот извор на витамин Б холин, суштинска хранлива материја која се користи во градењето на сите клеточни мембрани во телото. Недостатокот на холин е директно поврзан со гените кои предизвикуваат акумулација на маснотии на стомакот.
Јаболка
Една неодамнешна студија во медицинскиот центар „Вејп Форест Баптист“ покажа дека на секои 10 грама зголемување на растворливите влакна внесени дневно, телесните масти се намалуваат за 3,7 проценти во текот на пет години. Учесниците кои ја поврзаа својата дневна навика за јадење јаболка со 30 минути вежбање 2-4 пати неделно забележаа намалување од 7,4 проценти во акумулацијата на висцералните масти во истиот временски период.
Цимет
Според бројни студии, докажано е дека циметот содржи моќни антиоксиданси наречени полифеноли кои ја подобруваат чувствителноста на инсулин или дури и способноста на нашето тело да складира масти и да го контролира чувството на глад. Серија студии објавени во American Journal of Clinical Nutrition покажаа дека додавањето лажичка цимет во оброкот може да помогне да се стабилизира шеќерот во крвта.
Зелена салата
Во новото истражување на Универзитетот Вилијам Патерсон, во кое се споредуваат 47 врвни намирници според количината на хранливи материи, модерната храна се најде на 15-то место на листата. Според една студија на Универзитетот Пердју, само 3 грама мононезаситени масти може да му помогнат на телото да ги апсорбира растителните каротеноиди (оние магични молекули кои ве штитат од хронични болести како срцеви заболувања).