More

    Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации

    spot_img

    Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    – Низа на криминалистички истражни мерки се преземаат во изминатиот период со цел да се утврдат сите факти, кои ќе ги соопштиме во момент кога треба да бидат соопштени. Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возилo, со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај – кажа Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Куманово.

    Вања исчезна пред шест дена, во понеделникот рано наутро, откако тргнала од дома за да оди на училиште.

    Тој Истакна дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

    -Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, заради тоа што предвременото соопштување ни прави проблеми – истакна Спасовски и додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи траг кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.
    Министерот Оливер Спасовски во собрание на пратенички прашања посочи дека исчезнувањето било пријавено од страна на нејзиниот татко околу 11 часот во понедникот. Како еден од идентификаторите за нејзиното движење е мобилниот телефон, за што семејството велеше дека последен пат сигнал од телефонот е лоциран во близина на универзалната сала.

    Спасовски објасни дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сите сведоци прегледани се видеа од 50 камери, пребарано е коритото на реката Вардар, манастири и дека истрагата продолжува.

    Вања исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот и по јавување од нејзината класна кај мајката Зорица, објаснуваќи дека Вања не е во училиште. Мајката изјави дека во 08.35 часот во понеделникот се јавила во полиција и пријавила дека нејзината ќерка не се појавила на училиште и дека нејзиниот телефон е искчучен. Мајката деновиве ирази сомневање дека Вања е киднапирана.

    „Мајката на девојчето го пријавила исчезнувањето во 8.35 часот на 27-ми ноември, на телефонскиот број за итни повици, 112. Потоа пријавата е проследена до надлежните институции. Таткото пак, официјално го пријавил исчезнувањето во 11 часот, истиот ден, во полициска станица“, соопшти МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img