More

    Нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, синоќа накратко беше „на работ на нуклеарна несреќа“ поради привремен прекин на снабдувањето со електрична енергија

    spot_img

    Нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, синоќа накратко беше „на работ на нуклеарна несреќа“ поради привремен прекин на снабдувањето со електрична енергија, објави украинскиот оператор „Енергоатом“.

    „Изминататат ноќ дошло до целосен дефект во електраната Запорожје“, информираа од „Енергоатом“ на Телеграм.  Изутрината околу 07 часот вратено е напојувањето на електраната, што е неопходно за да не се прегрее нејзиното нуклеарно јадро.

    Два електрични вода што ја снабдуваат електраната беа прекинати, а еден од нив при воздушен напад, соопшти украинскиот оператор.

    „Енергоатом“ наведува дека ваквиот прекин на струја бил опасен и „на работ на нуклеарна несреќа и радијација“ на околината.

    – Руските окупаторски сили не се грижат за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје. Создаваат опасни ситуации и го уценуваат целиот свет со нуклеарна катастрофа и радијација – изјави претседателот на Енергоатом, Петро Котин.

    Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврди дека централата била привремено без струја во текот на ноќта и дека тоа е осми таков прекин од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img