More

    Песков исмеан поради тврдењата за неговата ќерка Лиза

    spot_img

    Откако тврдеше дека неговата ќерка Елисавета (Лиза) Пескова живее во „спартански услови“ и дека се мачела да врзе крај со крај додека студирала во Париз, Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ е обвинет дека е патолошки лажго, пишува Блиц.

    Песков тврдеше дека на 25-годишната Лиза Песков никогаш ништо не ѝ било сервирано на чинија, односно, на руски, никогаш не била „мајор“.

    – Ќерка ми никогаш не била ’мајор’. Имаше многу комплициран живот, комплицирано образование. Таа живеела таму (во Париз) многу скромно, во многу спартански услови и никогаш не била „мајор“. Таа беше принудена да се справи со многу тешкотии. Долго се обидуваше да се најде себеси и, фала богу, сега се смири… Стана жена со кариера – изјави нејзиниот татко за студентскиот ТВ канал МГИМО 360.

    Лиза е косопственичка на успешна компанија за планирање настани и води руско-француска културна фондација. Таа живеела со својата мајка Екатерина(47) низ Европа, а пред пет години се вратила во Москва за да дипломира на престижниот московски Институт за меѓународна соработка.

    Лиза и Екатерина се преселиле во Париз кога мајката се развела од Дмитриј. Моминското презиме на Екатерина е Солочински. Во Париз поминале неколку години.

     

     

    Песков вели дека Лиза таму научила животни лекции.

    – Едно е ако си вистински „мајор“ и живееш расипнички, кога немаш кон што да се стремиш, а друго е кога треба да ги надминуваш проблемите секој ден: каде да изнајмиш стан поевтино, како да заштедиш за да можеш да си дозволиш нови фармерки на крајот на месецот… – рече тој.

     

     

    На прашањето дали намерно ја испратил својата ќерка да студира во странство за да научи да се грижи за себе, високиот функционер на Кремљ, кој постојано го критикува Западот и западните вредности, одговори дека „тоа беа различни времиња“.

    Руската политичарка Љубов Собол, помошничка на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, му возврати на Песков споделувајќи фотографија од неговата ќерка како лежи во приватен авион и напиша:

    „Спартански состојби според патолошкиот лажго Песков …“

     

     

    Истрагата на антикорупциската фондација на Навални претходно откри дека Лиза Пескова и нејзината мајка наводно купиле стан во центарот на Париз за речиси 2 милиони долари преку француската компанија „Сириус“. Пескова, исто така, е косопственичка на компанија за настани наречена „Центрум Москва“ чии клиенти го вклучуваат руското Министерство за трговија и индустрија и други владини агенции.

    Во март оваа година компанијата ја зголеми заработката за 70 пати во однос на истиот период во 2022 година, заработувајќи околу 1,77 милиони долари, објави независната новинска агенција Верстка.

    Минатата година, американското Министерство за финансии ги санкционираше Песков, неговата ќерка и другите членови на неговото семејство, тврдејќи дека воделе „луксузен начин на живот кој не е во согласност со платата на Песков како државен службеник“. Песков е портпарол на Путин од 2012 година.

    На прашањето за санкциите кои го опфаќаат нејзиното семејство, Лиза тогаш рече дека не сака да зборува за политика, но дека е лута затоа што не може да патува како што е навикната.

    – Ситуацијата нема да влијае врз мене финансиски, но секако ова значи дека нема да има повеќе патувања во Њујорк – рече таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img