Српскиот пејач Никола Роквиќ пред 23 дена тргна на пат долг 1.060 километри до Грција кој ќе го препешачи, а сега објави уште колку му преостанува до целта.
Имено, тој со својата сопруга Бојана ја основал фондацијата „Семејство“ чија цел е да им помога на најзагрозените и на оние на кои им е потребна помош.
Никола е на аџилак веќе 23 дена, а на својот Инстаграм редовно се огласува од патот и ги известува своите следбеници колку километри поминал, какви се условите и колку пари се собрани досега.
Како што рече сега, има уште 290 километри до светото место во Егина и собрани се 23 милиони динари.
„Досега поминати 803 километри за 23 дена! Во моментот сме во Лариса! Останаа уште 290 км според рутата! Собрани 23.000.000 динари досега! Да продолжиме со Божја помош, нема запирање! Слава на Бога! Да се радуваме“, напиша Роквиќ на својот профил.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, 14 мај, пејачот се огласи и откри дека има проблем бидејќи му се спиело и бил многу исцрпен.
– Еве одам кон Лариса, малку ми се приспа. Сега сум на 28. километар, пулсот ми е 95. Нозете ми се малку потешки денес, но продолжуваме понатаму. Да живеете луѓе, радувајте се – рече Роквиќ.