Пеп направи список со посакувани засилувања

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола направи список со посакувани нови засилувања. Стручњакот идентификувал пет фудбалери со кои ќе ја промени лошата ситуација кај „граѓаните“.

Тимот е во кошмарна форма, со само 1 победа во последните 13 натпревари. Во моментов, англискиот шампион е на седмото место во Премиер лигата, далеку од врвот.

„Тајмс“ тврди дека Манчестер Сити веќе во јануари ќе се обиде да ангажира најмалку тројца од играчите кои ги бара Пеп.

Инаку, целиот список е подготвен за следните два преодни рока. Ги вклучува следните имиња: Марк Гуехи (Кристал Палас), Џамал ​​Мусиала (Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Мартин Субименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл).

За да го направи тоа, Сити ќе мора да направи некои тешки одлуки во претстојниот преоден рок, а целта на Пеп е да го освежи својот тим и да се справи со некои долготрајни повреди, како онаа на освојувачот на „Златната топка“ – Родри.

Share This Article