Пензионерите од повеќе градови во Македонија го блокираа центарот на Скопје каде што одржаа голем протест пред Собранието и пред Владата го поворија своето барање минималната пензија да изнесува 18.000 денари и да има линеарно зголемување од 5.000 денари на сите пензии

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пензионерите од повеќе градови во Македонија денеска го блокираа центарот на Скопје каде што одржаа голем протест пред Собранието и пред Владата го поворија своето барање минималната пензија да изнесува 18.000 денари и да има линеарно зголемување од 5.000 денари на сите пензии.

– Ги повикувам пратениците Законот да го донесат пред изборите. Бараме тој закон да биде изгласан онака како што ние бараме. Не сме задоволни со социјални пакети – рече Драган Угриновски, претседател на Здружението на пензионери за достоинствен живот.

Пензионерот Орце Давитков, кој е член на Иницијативниот одбор, при Здружение на пензионери „За достоинствен живот“ од Кочани, во изјава за медиуми рече дека нивните барања се, по пет илјади денари линеарно и 18 илјади денари минимална пензија, жените над 62 и мажите над 64 години да не плаќаат ништо во здравството, да бидат ослободени од партиципација. За, како што нагласи, последните денови од животот да ги поминат достоинствено.

– Наместо да одиме напред со пензиите, ние се враќаме назад, очигледно дека пензионерскиот систем не е добар – нагласи тој, додавајќи дека револтот кај нив е голем.

Барањата, како што рече, ги поднеле до Парламентот.

Моне Горгиев од Кочани, секретар на Здружението, рече дека имаат поддршка од една политичка партија, чии пратеници им рекле дека најбрзо штом ќе дошле на власт, ќе ги решеле проблемите на пензионерите.

– Пензијата не стига за трошковите. А не па за нешто друго, како бањско лекување, за тоа нема теоретски шанси. Пензионерот е доведен до работ на егзистенцијата – нагласи Горгиев.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изразија поддршка за пратениците и рекоа дека следната влада која ќе ја предводат тие ќе ги поддржи пензионерите во нивните барања.

– Ние како ВМРО-ДПМНЕ се соживуваме со маката што ја имате вие. Преживувате со минимални средства и немате достоинствен живот. Во нашата програма која ја подготвуваме, ќе ги ставиме барањата кои вие ги имате – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.

- Advertisement -
Ad image

Помеѓу пензионерите беа членови на Левица кои го поддржаа овој протест, меѓу кои пратеникот Борислав Крмов и Координаторот на Социјален сектор – Катерина Јовановска.

– Можам да кажам и тоа што го барате е малку, имате право на повеќе. Достоинствен живот нема со тие пари што ги добивате, таа најниска пензија од 12 000 денари, и под 12 000 денари ја зема баба ми лично во Штип тоа не е доволно ниту за две недели. Вие од пратениците на Левица имате целосна поддршка за сите ваши барања. Ние ќе направиме се што можеме, ние сме само двајца, ќе притискаме во јавноста, ќе поднесеме предлог закон ќе го притискаме министерството (за труд и социјална политика), се што можеме за да ги добиете вашите права и да добиете во последните децении од вашиот живот да бидат достоинствени, а не да бидете како кучиња на улица што е срамота – рече пратеникот Крмов пред пензионерите.

Share This Article