More

    ПЕНДАРОВСКИ ЗНАЕЛ ДЕКА СЕ СПРЕМА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ

    spot_img

    Има информации дека на некои места во некои општини во некои изборни единици постојат обиди за организиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател, изјавил претседателот и кандидат за претседател, Стево Пендаровски после денешното гласање во скопската населба Автокоманда.

    Пендаровски посочи дека, доколку се потврдат информациите за бојкот, тие постапки се спротивни на демократското право за избор.

    – Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место, којшто дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали ќе гласа на двата избора или на едниот избор – изјави по гласањето Пендаровски.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали е оптимист после лошите резултати од првиот изборен круг, Пендаровски рекол дека не престанал да верува во победа, но и дека можниот бојкот би имал негативен ефект.

    – Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг затоа што знаев дека кандидатите кои отпаднаа, тоа беа околу 330.000 гласови, се повеќе и поблиски до мојот политички концепт кој го застапувам од концептот на противкандидатката. Меѓутоа овие информации, кои ги спомнав, ако се покаже за точни одат кон оштетување на моите потенцијални бирачи, гласачи – рече Пендаровски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img