Пејачот на „Грин деј“ се откажа од американското државјанство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачот на панк-групата „Грин деј“, Били Џо Армстронг, изјави дека се откажува од американското државјанство и се сели во Англија бидејќи е многу вознемирен поради тоа што Врховниот суд ја поништи пресудата со која беше легализирано правото на абортус пред 50 години ширум земјата.

Пејачот својата одлука ја прокоментирал пред публиката на концертот на бендот во Лондон во петокот:

„Америко, јас се откажувам од своето државјанство. Е*ено доаѓам тука“, порачал Армстронг.

„Има премногу глупости на светот за да се вратиме во тој беден изговор за држава. Не се шегувам. Ќе видите многу од мене во наредните денови“, додал фронтменот.

Били Џо е една од бројните либерални славни личности кои го изразија својот бес поради одлуката на Врховниот суд да го поништи случајот Ро против Вејд. Пресудата ефективно стави крај на признавањето на уставното право на абортус и им даде овластување на поединечни држави да ја дозволат, ограничат или забранат оваа пракса во целост.

Армстронг продолжил да ја прозива Америка на настапот на бендот во Хадерсфилд следниот ден, наведува „Дејли мејл“.

Ова не е првпат тој да изрази одбивност кон САД – во хит песната на „Грин деј“ од 2004 година, „American Idiot“, бендот ги осуди американските медиуми.

Фронтменот отворено зборуваше и против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во 2016 година го спореди со Хитлер во интервју за списанието „Kerang!“

Share This Article