Пејачот Џастин Тимберлејк е уапсен поради возење под дејство во Хемптонс, изјави претставник на органите на редот за „Еј-би-ес њуз.“
Апсењето се случи во понеделникот вечерта во Саг Харбор, Њујорк. Тимберлејк денеска се појави на суд.
Пејачот има два концерта во Чикаго овој викенд и два во Њујорк следната недела.
Претставник на полициската управа Саг Харбор изјави за „Мирор“ дека пејачот бил во притвор во нивната станица.
Како што пишува британски „Мирор“, се вели дека наскоро ќе биде објавено соопштение за да се расветли повеќе ситуацијата – но извори со директни сознанија велат дека станува збор за сообраќаен прекршок, а сите знаци укажуваат на возење под дејство на алкохол.
Џастин, наводно, отишол да се сретне со пријателите во понеделникот вечерта во Саг Харбор и околу еден по часот по полноќ, наводно, влегол во својот автомобил за да вози до местото каде што престојувал. Но, веднаш штом седнал зад воланот, полицијата го запрела и го привела.
Познатиот пејач наводно пред апсењето го напуштил хотелот во кој бил на вечера и се упатил кон куќата на својот пријател.
ТМЗ пренесува дека Џастин Тимберлејк игнорирал знак „Стоп“, но и дека неговиот автомобил возел на погрешна лента. Неименуван извор тврди дека немало сообраќајна несреќа и повредени.