More

    Пејачката Меклорин Салвант и нејзиниот бенд ѝ подарија два биса на скопската публика

    spot_img

    Со настапот на Сесил Меклорин Салвант почна 43-тото издание на Скопскиот џез-фестивал, пред полната сала на МОБ.

    Најавена како пејачка чии концерти се неповторливи искуства во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни, синоќа бевме сведоци дека е тоа токму така. Сесил раскажува приказни кои не сакате никогаш да завршат.

    А кога ја слушате не можете да не се запрашате, какво е чувството кога сте сопственик на можеби најдобриот женски џез вокал на светот.
    Сесил Меклорин Салвант и нејзиниот бенд на отворањето на 43-тото издание на СЏФ беше навистина не само врвно музичко доживување, туку и артисти кои ја почитуваат својата публика па дури и ако е тоа во земја за која претходно веројатно немале ниту слушнато.

    Оваа француско-американска пејачка иако не знаеше ниту еден збор на македонски, сепак успеа да ја шармира публиката која и неа и одличните музичари од бендот, ги награди со силен аплауз и успеа да добие дури два биса.
    Таа и водечкиот американски џез-пијанист Саливан Фортнер на еден од бисовите ја изведоа заедно Ghost of Our Love, а одлична беше и нејзината интерпретација на Wuthering Heights, од англиската кантавторка Кејт Буш.
    Ништо помалку добри не беа и фантастичниот Јасуши Накамура (котрабас) и тапанарот Кајл Пул.

    По концертот на овие прекрасни музичари, вечерта продолжи во Младинскиот културен центар кадешто настапи македонскиот состав Next to Silence. Таму, на Кирил Кузманов му беше врачена и наградата за најдобар млад џез музичар.

    Вечерва (18 октомври), на програмата на Скопскиот џез фестивал во МОБ ќе има два концерти.

    Во 20 часот ќе настапи португалскиот саксофонист Родриго Амадо со својот квартет The Bridge. По нив ќе настапи The End, експериментална музичка група предводена од легендарниот саксофонист Матс Густафсон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img