More

    Кои се фаворити за најпрестижното филмско признание?

    spot_img

    Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел.

    Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3.30 наутро.

    Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации.  Филмот  „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има осум номинации.

    Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“,  „Барби“, „Останатите“,  „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

    Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

    Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.

    Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img