More

    Патрушев стигна во Калининград, Захарова се закани

    spot_img

    „Последиците за Литванија ќе дојдат“, а Русија соодветно ќе реагира на забраната за транзит на стоки кон Калининград, се закани портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Нејзиниот колега, Никола Патрушев, човекот близок до Владимир Путин, па и дури негов можен наследник денеска стигна во Калиниград за да одржи состанок за безбедноста на овој дел од Русија.

    Ќе биде ли Калининград новото буре барут?

    Патрушев е секретар на рускиот Совет за безбедност. Неговата посета доаѓа само ден откако светските медиуми објавија за можната нова жешка точка во Европа. Калининград е руска енклава која ги дели Полска и Литванија, а на самото тромеѓе со Белорусија, коридор од 65 километри под името Сувалки беше замрзнат за трговија со што Литванија прекрши меѓународен договор. Сега Калининград добива само 50 отсто од производите, но преку пристаништата во Балтичкото Море, а со достава од Црното Море.

    Плусинфо веќе пишуваше за можната руска окупација на Балтичките земји, Естонија, Литванија и Латвија во не повеќе од 100 дена.

    – Ми се чини дека треба да ја разберат главната работа: кога Русија вели дека нечие однесување е отворено непријателско, тогаш нема време за разговор, нема време да се најдат формули кои би можеле да ја решат ситуацијата или да ја турнат настрана и да се преправаат дека постои Нема проблем – додаде Захарова во својата силна изјава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img