Две лица загинаа, а четворица се тешко повредени кога во нив удри патнички воз на пругата кај Постојна, Словенија.
Како што јавува новинската агенција СТА информации од полицијата, станува збор за работници на словенечки железници, кои во тој момент работеле на одржување на железничката пруга.
Инцидентот се случил на железничкиот премин Ракитник, во близина на градот Постојна, утрово околу 9 часот, соопштија за агенцијата од полицијата во Копер.
Двајца работници загинале на лице место.