More

    Партијата на Ахмети создава само непријателства, рече Меџити

    spot_img

    Техничкиот премиер Талат Џафери се однесува како да е млада невеста, изјави Изет Меџити, лидерот на партијата Демократско движење која е дел од коалицијата „ВРЕДИ“ во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

    – Техничкиот премиер без никакви ингеренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на млада невеста која ја носат да ја претстават пред семејството. Пи-ар му прави Артан Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор – рече Меџити.

    Лидерот на Демократско движење вели дека ДУИ е завршена приказна за него, посочувајќи дека партијата во последно време создавала само непријатели.

    – Ако ја следите ДУИ, во последно време создаваше и создава само непријатели, дали со албанските партии, дали со ВМРО-ДПМНЕ, дали со меѓународната заедница поради индивидуите кои се на црни листи, со медиумите исто така. Земајќи го сето ова во предвид мислам дека победата на нашиот кандидат за претседател ќе биде неспорна – рече Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img