More

    Парадокси кои ја побиваат познатата теорија на заговор

    spot_img

    Теоријата на заговор дека слетувањата на Месечината во 1960тите и 1970тите биле лажни нема да умре, но доказите против неа се огромни – и прилично разноврсни, пишува ИФЛ Наука. Авторот Стивен Ланц за порталот наведува некои од главните причини кои, според него, го докажуваат ова.

    Истовремено, тој вели дека теоријата на заговор се шири поради тоа што новите генерации во САД го изгубиле чувството за авторитет во општеството, процес кој почнал уште од аферата Вотергејт кога паднала довербата во владата.

    Еве пет причини зошто навистина во 1969 година имаше „голем чекор за човештвото“.

    Демек 10.000 луѓе се договорија дека ќе молчат?

    Се проценува дека во одреден момент на проектот „Аполо“ биле вработени 400.000 луѓе. Но, да речеме дека не сите од овие луѓе смееле да знаат дека мисијата била лажирана. Да речеме дека само десетици илјади луѓе ќе требало да се вклучат во таен заговор, од самите астронаути до филмаџиите кои ќе мораа да ги лажираат сликите и екипата за чистење на вратениот команден модул.

    Тоа е тешко да се изведе со толку многу луѓе. Плус тоа, што ако макар и еден од нив ја открие вистината по толку години? Токму затоа, поверојатно е дека слетување на Месеината навистина имало.

    Вратените карпи од Месечината

    Мисиите „Аполо“ ни донесоа 380 килограми карпи и прашина од површината на различни делови на Месечината. Секој геолог може да побара примерок и да го провери тоа. Многумина го прават тоа, особено оние на кои им е потребен доказ за некое друго испитување кое го прават, ако тоа е со мали количини.

    Овие парчиња биле изложени на ласери, реагирале со реагенси и поминуваат низ спектрометри…Резултатите поажуваа дека карпите се различни од што било најдено на Земјата и дека се формирани во безвоздушна и главно безводна средина, дека поминале милијарди години директно изложени на сончевиот ветер.

    Тоа е нешто кое не може да се излажира освен во заговорот да учествувале илјадници геолози ширум светот или пак самата карпа да може да ја „прејде“ денешната ултрамодерна технологија за препознавање.

    Русите го гледаа слетувањето, па не кажаа ништо

    Да имаа Русите и најмал доказ дека „Аполо 11“ не слета на Месечината, апсурдно е да се мисли дека ќе го премолчеле тоа. Нивните радио телескопи ја следеле секоја мисија и имале многу можности да забележат доколку сигналот доаѓаше од кое било друго место освен од Месечината.

    Иако мисииите на Месечината беа научни експедиции, националната гордост одигра огромна улога. Претседателот Џон Ф. Кенеди очајно сакаше да го избрише срамот што претходно Советскиот Сојуз ја победи Америка со првиот сателит и првиот човек во вселената.

    Огледалата, сателитите, орбитерите…

    Три мисии на „Аполо“ оставија огледала на површината на Месечината. Овие гледала служеле научниците со ласер да го мерат растојанието од Земјата до Месечината. Во тоа време немало друга технологија за ова да биде измерено.

    Исто така во 2008 година јапонската сонда СЕЛЕНЕ го набљудуваше кратерот од експлозијата што ја остави леталото „Аполо 15“. И сателити на НАСА кои орбитирале околу Месечината имаат правено фотографии.

    Никсон знаел што го чека ако го лажира слетувањето

    Успешното слетување на Месечината беше огромен поттик за американската национална гордост, но НАСА и целата американска влада знаеја дека постои ризик од неуспех. Претседателот Никсон славно подготви говор во случај Нил Армстронг и Баз Олдрин да умрат на Месечината.

    Колку и да беше срамно нивната смрт, тоа немаше да биде ништо во споредба со откритието дека стотици милијарди биле потрошени на лажирано откритие. Значи сите, од претседателот до астронаутите, би знаеле што ќе се случи ако се разоткрие заговорот.

    Зарем тие би биле доволно луди тоа да го направат? И колку илјади луѓе би требало да бидат замешани и „заќутени“ отпосле?

    Зошто е важно ова?

    Луѓето што веруваат во една теорија на заговор полесно ќе посегнат и по две, три и многу други, покажуваат истражувањата. Дури, тие би можеле да веруваат и во спротивна теорија на заговор, доколку таа мириса на заговор.

    Ова е особено важно кај теориите на заговор во науката, кајшто од една измислица за слетувањето на Месечината некој може да поверува многу пострашни небулози…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img