Директорот на прес-службата на Ватикан, Матео Бруни денеска изјави дека папата Франциско утре ќе биде пуштен од болница, откако во средата беше хоспитализиран поради бронхитис.
– Можам да потврдам дека, бидејќи утре се очекува Папата да биде пуштен од болница, што значи дека поглаварот на црквата в недела ќе биде присутен на миса на плоштадот Свети Петар – изјави Бруни.
Тој додаде дека на Папата му било добро во четвртокот, а од Ватикан денеска потврдиле дека и ноќта поминала мирно.2023
– Вечерта Папата вечера, јадеше пица, беше заедно со сите што му помагаат додека е во болница: лекарите, медицинските сестри, асистентите и целиот персонал – додаде Бруни.
Тој истакна дека утрово Папата појадувал нормално, го прочитал весникот и од болницата се вратил на работата што може да ја работи.
– Враќањето на Неговата Светост во домот Санта Марта се очекува утре, по најновите утрински медицински тестови – истакна Бруни.