More

    Папата Франциско им порача на свештениците и калуѓерките: Не гледајте порнографија

    spot_img

    Папата Франциско ги предупреди римокатоличките свештеници и калуѓерки за опасноста од гледање порнографија на Интернет, додавајќи дека тоа „го ослабува срцето на свештенството“.

    За време на состанокот во Ватикан, 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква одговори на прашањето како најдобро да се користат социјалните мрежи.

    „Порнографијата е порок што го имаат сите, дури и свештениците и калуѓерките. Од таму демне ѓаволот“, им порача Папата на свештениците и теолозите и додаде:

    „Треба да се користат социјалните мрежи, но таму не треба да се губи многу време. Чистото срце, она што го прима Исус секој ден, не смее да биде изложено на порнографија“, додаде тој.

    „Папата советуваше да се избришат таквите работи од телефонот „за да нема искушение на дланка“, пренесува Би-Би-Си на српски.

    Римокатоличката црква бара целибат или целомудрие, воздржување од сексуални односи и брак од свештенството.

    Гледањето порнографија ги прекршува овие правила.

    Чедноста за свештениците во Римокатоличката црква е воведена пред околу 900 години.

    Пред воведувањето на ова правило, свештениците се венчале затоа што чистотата не е пропишана во Библијата, христијанската света книга, туку тоа е услов што Ватикан го поставува за свештенството.

    За многумина ова правило е клучен дел од католичкото свештенство кое треба да и се посвети на црквата и да не биде расеан, што според некои би можело да биде семеен живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img