Познато е дека камерата ја „сака“ Карлеуша и дека речиси и да не постои кадар во кој пејачката може да изгледа лошо, поради што изгледа врвно на сите папарацо фотографии. Меѓутоа, овој пат таа направи лажно папарацо-видео и со него ги насмеа своите фанови.
Имено, Јелена на својата инстаграм-приказна објави видео на кое се гледа како позира под туш, додека пријател и кажува како да се намести за лажни папараци.
Карлеуша направи неколку целосно вештачки пози, а видеото го сподели со своите фанови и се пошегува на своја сметка.
– Еден сосема природен папарацо, воопшто не инсценирано или лажно, само исклучете го тонот – напишала Јелена со видеото.