More

    Пападопулу реагира на европската перспектива на Украина и на Молдавија

    spot_img

    Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, ја повтори заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу, говорејќи на конференцијата „Циклус идеи“ и истакна дека Европа не смее да дозволи да има црна дупка, ниту пак интеграцијата на Украина и Молдавија да биде на товар на земјите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

    – За Грција европската интеграција на Балканот е црвена линија. Јасно е дека ја поддржуваме европската перспектива и на Украина и на Молдавија, за тоа не се покренува прашање, но не да биде на товар на Западен Балкан, кој може не го достигна посакуваното ниво на интеграција со неопходните реформи, но и покрај тоа се обидува веќе 20 години – истакна Пападопулу, која е поранешната грчка амбасадорка во Скопје.

    Таа dодаде дека проширувањето е прашање за тоа што и колку има направено секоја од земјите, која се оценува според постигнувањата, но за Атина регионот треба да оди напред.

    – Грција не можеме да прифати дека овие земји ќе останат назад, не може Европа да има црна дупка и ние не можеме да замижеме пред ова – потенцираше заменичката МНР.

    Пападопулу посочи дека Грција помина различни фази во врска со Балканот, дека беше многу активна, потоа поради економската криза се повлече од практични причини, а сега одново е во игра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img