Памела Андерсон откри зошто престанала да се шминка ФОТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Pamela Anderson - Outside arrivals at the Andreas Kronthaler for Vivienne Westwood womenswear Spring/Summer 2024 fashion show as part of the Paris Fashion Week, in Paris, France on September 30, 2023.//03HAEDRICHJM_JMH.0023/Credit:JM HAEDRICH/SIPA/2310010751,Image: 809911051, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JM HAEDRICH / Sipa Press / Profimedia

Актерката и модел Памела Андерсон последните недели се појавува во јавноста без шминка и за тоа доби многу пофалби.

Ѕвездата на легендарната серија Baywatch (56) ја откри причината зошто почнала да ја прифаќа својата природна убавина.

Таа за магазинот Elle изјави дека нејзиниот поглед на убавината се променил по смртта на нејзиниот шминкер Алексис Вогел, кој почина од рак на дојка во 2019 година.

„Алексис беше најдобар. И оттогаш само чувствував дека без Алексис е подобро да не се шминкам“, објаснила Памела Андерсон.

Таа рече дека без шминка се чувствува „слободна, забавна и малку бунтовничка“.

Памела размислувала за стареењето и како тоа за неа било „патување“.

„Мислам дека сите почнуваме да изгледаме малку смешно како што старееме. И некако се смеам на себе кога ќе се погледнам во огледало. Јас сум како: „Леле, ова е реално… што се случува со мене?“ Тоа е патување“, вели таа.

И покрај тоа, таа тврди дека се чувствува добро и дека е на добро место.

Нејзината одлука да се откаже од козметиката, исто така, произлезе од чувството дека таа често „само се согласува со она што луѓето ѝ велеа да го прави“ во раните денови од нејзината кариера.

- Advertisement -
Ad image

„90-тите беа 90-ти, а сега е 2023 година. Сакам да правам работи што се различни, чувствувам дека ова е ново поглавје во мојот живот“, изјави таа за Entertainment Tonight.

Pichichipixx / SplashNews.com / Splash / Profimedia
Share This Article